Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска го објави своето најново рангирање. На истото најдобрата македонска репрезентација останува на 68-мата позиција.

По двата порази во јунските квалификациски натпревари за ЕО 2024 (од Украина и Англија), македонските фудбалери во изминатиот период не одиграа натпревар.

Црвено-жолтите останаа ма 68-то место на ФИФА листата со 1.350 бодови.

Што се однесува до водечките селекции. Лидер и понатаму е Аргентина, пред Франција и Бразил, по кој следува Англија која не победи со 7-0 на „Олд Трафорд“. Во во ТОП 10-те следуваат: Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.