Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ не престанува со своите лудории. Србинот кој го одведе Денвер до историската прва титула, максимално го користи времето за одмор. 

Откако во родниот град Сомбор присуствуваше на коњските трки кои се неговата најголема спортска љубов после кошарката, сега е на рафинг.

Јокиќ беше дел учесници на традиционалната рафтинг регата на Тара, каде беше пречекан со овации и скандирање „МВП, МВП, МВП …“.

И не само тоа. На својот Инстаграм профил, се пофали дека скокнал од карпа во вода.

Сега се поставува прашањето, како ќе реагира на ваквите авантуристички облици на забава на својот најдобар играч од тимот на Денвер.