Заврши една од најголемите трансфер саги ова лето. Англиски репрезентативец Деклан Рајс заминува во Арсенал, потврди неговиот сега веќе поранешен клуб Вест Хем.

„Жал ми е што Деклан нè напушта, но верувам дека сите во клубот се горди на улогата што ја одиграа на неговиот пат од нашата академија до тоа да стане најскапиот англиски фудбалер“, изјави меѓу останатото претседателот на Вест Хем, Дејвид Саливан.

Рајс ќе стане најскапиот англиски фудбалер на сите времиња, бидејќи Вест Хем ќе добие 117 милиони евра и уште 6 милиони преку бонуси.

Вест Хем на својата интернет страница потврди дека е постигнат договор и дека играчот кариерата ја продолжува на „Емирати“.

На Твитер профилот на Вест Хем се појави видео на кое клубот се збогува со овој играч.