Нова победа во сезоната за холандскиот Ф1 пилот на Ред Бул Макс Верстапен кој славеше и на британското гран-при што се возеше во Силверстоун.

Сепак на оваа трка имаше голема конкурентите од британските возачи кои имаа одличен викенд. Второто и третото место им припаднаа на домашните пилоти најпрво Ландо Норис од (Мекларен) и Луис Хамилтон од (Мерцедес).

Дека Британците најдобро ја познаваа оваа патека говори и фактот што иако Верстапен беше на пол-позицијата, веднаш на стартот ја загуби од Ландо Норис. Возачот на Мекларен беше лидер само пет круга, кога Верстапен се врати на чело на колоната откако беше дозволено употребата на ДРС.

Така Макс се до крајот рутински ја задржа својата позиција и дојде до 43-тата победа во кариерата.

На 14 круга до крајот Хамилтон имаше шанса да го мине Норис но не успеа во намерата да стигне место погоре на подиумот.

Одличен беше и вториот возач на Мекларен Оскар Пјастри кој заврши на четвртото место.
Бодови освоија уште и Расел од Мерцедес, Перез од Ред Бул, Алонсо од Астон Мартин, Албон од Вилијамс и возачите на Ферари кои повторно потфрлија Леклерс и Саинц.

Во пласманот кај возачите Верстапен е прв со 255 бода, пред Перез со 156, Алонсо 137, Хамилтон 121 и Саинц со 83 бода.

Следната трка ќе се вози за две недели кога на програмата е трката за ГН на Унгарија на патеката Хунгароринг.

Томислав Атанасовски