Младата репрезентација на Македонија за  одбојкари до 17 години (момчиња родени 2007-ма година и помлади) вечерва го започнува својот настап на   Балканското првенство, што се одржува во Тирана.

Во првиот меч од групата, нашите надежи ќе играат против домаќините, врсниците, од Албанија.

Мечот ќе започне во 20 часот и 30 минути, а ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.