Битолски Пелистер гради сериозен тим за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нова аквизиција на зелено-белите е Дарко Размоски.

Доскорешниот фудбалер на најголемиот ривал на битолчани, скопски Вардар, повторно ќе го облече зелениот дрес на Пелистер.

23 годишниот Дарко Размоски кој игра на позиција крилен напаѓач, ланската сезона ја почна во Охрид, по што мина во редовите  на Вардар.

„Чест ми е што сум повторно член на ФК Пелистер. Моите амбиции и амбициите на клубот се прва лига ќе дадам сѐ од себе да ја оствариме целта“,
изјавии Дарко Размоски.

Инаку Размоски во досегашната своја кариера настапувал за екипите на: Брегалница, Беласица, Пелистер, Воска, Охрид и Вардар.

Филип Василевски