Шпанскиот тим Атлетико Мадрид оваа недела ќе промовира тројца нови фудбалери.

Станува збор за, Цезар Аспиликуета, Чанглар Сојуњу и Чави Галан, а интересно е што првите двајца во Мадрид доаѓаат како слободни играчи.

Аспиликуета има спогодбен раскин на договорот со Челзи и полесен пат до Мадрид, каде што го чека важна улога во тимот на Диего Симеоне.

Исто така, по истекот на договорот со Лестер, ќе пристигне и Сојунџа, кој ќе ја засили конкуренцијата на стоперските позиции, каде Атлетико веќе ги има Хименез, Хермосо и Стефан Савиќ.

Од Селта пристигнува Хави Галан. Обештетувањето нема да биде повеќе од пет милиони евра, па и ова е евтина опција за Атлетико. Галан е лев бек и сигурно го чека важна улога.

Дали со овие три засилувања за Диего Симеоне се доволни Атлетико уште еднаш да изгради бедем пред голот на Облак, останува да се види.