Битолски Пелистер создава сериозно квалитетен тим кој треба битолчани да ги врати во прволигашката конкуренција.

Второлигашот Пелистер има ново засилување. Станува збор за дефанзивецот со големо искуство од Првата лига, Стефан Костов кој е нов член на „зелено-белите“.

„Веќе подолг период преговаравме со Пелситер и конечно се реализираа. Имаме заедничка цел, а тоа е да го вратиме Пелистер во ПМФЛ и среќен сум што ќе можам да дадам придонес и да помогнам во тоа“, рече Стефан Костов.

Стефан Костов во Битола доаѓа од редовите на Тиквеш, а претходно во својата кариера има настапувано уште за Академија Пандев, Ренова и Брегалница.

Филип Василевски