Францускиот кошаркар, Матијас Лесор, го напушти Партизан и од следната сезона ќе го носи дресот на Панатинаикос, објави грчкиот великан на своите социјални профили.

Црно-белиот центар минатата сезона беше еден од клучните играчи на Жељко Обрадовиќ, а по одличните настапи во Евролигата и регионалното натпреварување го привлече вниманието на бројни клубови, а на крајот изборот падна на шесткратниот европски првак. 

И покрај желбата на „гробарите“ тој да остане во Партизан, како и големите гласини дека Барселона влезе во трката за неговиот потпис, сепак Панатинаикос успеа да го доведе францускиот центар во своите редови.