Македонската женска младинска репрезентација од денеска до сабота ќе настапува на силен меѓународен турнир во Унгарија.

Под водство на селекторката Јулијана Дамческа, нашите млади ракометарки ќе играат на турнирот „Четири нации“ во Дабас, Унгарија, на кој покрај домаќинот ќе настапат и селекциите на Холандија и САД.

Попладнево од 17 часот, македонските младинки ќе играат против домаќинот Унгарија, а утре и задутре редоследно против Холандија и САД. 

Овие натпревари се дел од подготовките за Европското првенство што ќе се одржи во Романија, на на кое Македонија ќе игра во Д групата во која за противнички ќе ги има селекциите на Данска, Црна Гора и Чешка.

Сите натпревари од турнирот во Дабас може да ги следите овде.

Распоред на натпреварите на турнирот „Четири нации“
Четврток 17.00 МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА 
Петок 17.00  МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА 
Сабота 12.00 МАКЕДОНИЈА – САД 

Ивона Кимовска

МАКЕДОНИЈА – УНГАРИЈА
МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА
МАКЕДОНИЈА – САД