Женската одбојкарска репрезентација на Македонија без победа со шест порази го заврши натпреварувањето во Сребрената Европска лига. Попладнево Македонија загуби од Австрија на гостински терен со 3:0 по сетови – 25:15; 25:17 и 25:7.

Нашата селекција беше немоќна да стори нешто повеќе во овој дуел, особено што домаќинот Австрија натпреварот го искористи за воигрување на арјанти бидејќи оваа репрезентација е домаќин и на завршниот турнир, каде ќе играат уште и Естонија, Пртугалија и Црна Гора.

Во вториот дуел од А групата Естонија како гостин ја совлада Летонија со 3:0 и со тоа го потврди првото место во групата.

Табела: Естонија 15 бодови (15-4 сетови), Австрија 15 (15-5 сетови), Летонија 6, Македонија 0.