Репрезентацијата на Шкотска со двата гола на Линдон Дајкс и Кени Меклин, направи пресврт во завршниот дел од натпреварот со Норвешка и ја совлада со 2:1.

Ерлинг Халанд го постигна првиот гол на натпреварот во 61-та минута по прекрасно изведениот пенал.

Но, додека фудбалерите на Норвешка мислеа дека натпреварот е решен, Шкотска во 87-та минута изедначи на 1:1 преку Линдон Дајкс. Само две минути подоцна (89-тата минута) за пресврт на натпреварот биеше Кени Меклин и воедно и донесе 3 бода на својата репрезентација.

Со оваа победа Шкотска останува непоразена во групата А, додека Норвешка ја продолжува низата од лоши резултати и е на третото место со само 1 бод.