Бразилецот Артуро Карбал е најдобриот стрелец на Фиорентина сезонава во УЕФА Конференциската лига.

Фантастичното напаѓач на патот до финалето во Прага, за „виолетовите“ постигна седум голови. Бразилецот  и заедно со Зеки Амдуни од Базел, се лидери на листата на стрелците во ова натпреварување, а веднаш зад нив со еден гол помалку се соиграчот на Карбал од Фиорентина, Лука Јовиќ и напаѓачот на Вест Хем, противникот на „виолетовите“ во вечерашното финале,  Микаел Антонио.

Токму дуелот на Карбал и Антонио се очекува да решава кој ќе биде ТОП стрелец во Конференциската лига, но пред се овој индивидуален дуел, според многумина, ќе го репи и исходот, кој ќе го освои трофејот во ова натпреварување, Фиорентина или Вест Хем. 

Одговорот ќе го дознаеме по натпреварот што ќе се игра вечерва од 21 часот/ 

А, во продолжение сите голови на Карбал и Антонио во Конференциската лига.