Фудбалерите на Осасуна изборија пласман во Конференциската лига за следната сезона откако во последното коло од Ла Лига на домашен терен ја победија Гирона со 2:1, додека Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитривески загуби на гостувањето кај Мајорка со 3:0 и не се избори за Европа во следната сезона. Најголем губитник во оваа ситуација е тимот на Атлетик Блибао, кој вечерва одигра нерешено 1:1 кај Реал Мадрид, но тоа беше единствениот бод што оваа екипа го освои во последните три кола.

Осасуна до победата над Гирона стигна благодарение на двата гола на хрватскиот интернационалец Анте Будимир во 52.та и 55.та минута, до крајот на дуелот Гирона успеа само да го намали поразот.

Резултати од 38.коло: Мајорка – Рајо Ваљекано 3:0, Осасуна – Гирона 2:1, Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1:1, Реал Сосиедад – Севиља 2:1 и Виљареал Атлетико Мадрид 2:2.

Вечерва од 21 часот се играат дуелите: Бетис – Валенсија, Селта – Барселона, Елче – Кадиз, Еспањол – Алмерија, Ваљадолид – Хетафе.