Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по јубилеен 10-ти пат ја освојува шампионската титула кошаркарски првак на Македонија. Ова откако МЗТ Скопје со чисти 3:0 во победи ја доби финалната серија од плеј-офот против битолски Пелистер.

Аеродромци го добија и денешниот трет натпревар и тоа на гостувањето во Битола, совладувајќи го Пелистер со 92-83.

Откако првото полувреме мина во рамноправна игра во која домаќините ја добија првата четвртина со 24-21, а втората му припадна на МЗТ со 20-15, гостите на одмор заминаа со +2 (41-39). Клучна беше последната четвртина во која МЗТ направи дополнителни девет поени предност (27-18), па во последните десет минути, шампионот влезе со +11. Таквата предност се покажа како недостижна за домашните, па МЗТ на крајот заслужено славеше со конечни 92-83/

МЗТ до оваа победа го предводеше Војдан Стојановски кој реализира 33 поени со само две промашувања од игра. Вер со 16 и Абу со 12 беа двоцифрени  во редовите на шампионот, додека кај вице-првакот Карутерс беше најефикасен со 18 додека македонскиот репрезентативец Маслинко заврши со 15 поени.

Признанието МВП односно најкорисен играш на финналето заслужено му припадна на Војдан Стојановски.