Пред големото финале во Лигата на Европа кое ќе се игра во Будимпешта, тренероѕ на Севиља, Хозе Луиз Мендилибар изјави дека верува во неговиот тим и очекува тежок натпревар, но и дека се надева на нов успех на најтрофејната екипа во ова натпррварување.

„Една од нашите тајни е дека го искористивме нашиот тим до макисмум. Секој чуствува дека направил доволно. Преходните години Севиља ја освои оваа престижна титула повеќе пати од другите тимови. Па дури и кога некои екипи мислат дека се подобри од нас, сепак тие нè почитуваат. Борбата против Мурињо и неговиот тим ќе биде тешка задача,бидејќи тие се моменталните прваци во Европската Конференциска лига. Сите викаат дека во финалето мора да се победи, но на крајот на денот секогаш има тим кој ќе изгуби. Се надевам дека ние ќе бидеме победничкиот тим”, вели тренерот на Севиља.

Утревечер  во 21 часот на  „Пушкаш Арена“ нè очекува големото финале од Европа Лигата помеѓу Севиља кој со победа ќе го освои својот седми трофеј и Рома кој со помош на Мурињо ќе бидат првиот тим во историјата кои освоиле Конференциска Лига и Европа Лига едно по друго.