Првото европско клупско финале од вкупно три ќе се игра утревечер. Нè очекува дуел меѓу две силни екипи, Севиља и Рома.

Тоа е шанса за седма титула за Севиља кој досега нема изгубено финале во Европа Лигата, против трофејниот тренер Џозе Мурињо, кој пак нема изгубено европско финале во својата кариера

Пред натпреварот Мурињо изјави дека Рома му ја даде шансата во финале, додека пак Тотенхем му ја одзеде.

„Рома ми ја пружи шансата во финале, нешто што кога бев во Тотенхем ми беше одземана.
Јас верувам во мојот тим и очекувам да победиме. Сите се во одлична форма, дури и Дибала и од него очекувам да изигра солидни 30 минути.
Севиља има одличен тим со добри играчи, но не ја знаат мојата екипа која утревечер како тим ќе го крене овој трофеј“,
изјави Мурињо.

Лани „специјалниот“ ја водеше Рома до трофејот во Конференциската лига, а дали и годинава ќе ја одведе до нов сега во Лихата на Европа, ќе видиме по натпреварот што ќе се игра утревечер на „Ференц Пушкаш Арена“ во Будимпешта ќе започне од 21 часот.