На терените на ТК Југ денеска ќе се играат мечевите од второто коло во поединечна конкуренција вкупно осум по кои ќе бидат познати и четвртфиналистите на годинашниов Macedonian Open. Покрај овие мечеви ќе биде комплетирано и првото коло во конкуренција на двојки, каде ќе се одиграат шест мечеви во конкуренција на двојки. Настап ќе има и македонската комбинација Калин Ивановски и Берг Бугариќ.

Распоред на мечевите:

Централен терен – почеток 11:00 часот

Дино Прижмиќ (Хрватска) – Евгениј Донски (2,носител Русија)

Азиз Дугаз (1, Тунис) – Филип Јиану (Романија)

Не пред 13:30 часот

Пурав Раја, Дивиј Шаран (Индија) – Берг Бугариќ, Калин Ивановски (Македонија)

Петр Ноуза, Ендрју Паулсон (Чешка) – Виктор Влад Корнеа (Романија), Луис Давид Мартинез (Венецуела)

Терен број 5 – поечток 11:00 часот

Нермин Фатиќ (БиХ) – Жерар Кампана Ли (Кореја)

Мате Валкуж (Унгарија) – Сумит Нагал (Индија)

Не пред 13:30 часот

Срирам Балаји, Јеван Недунчезијан (Индија) – Алекс Ловсон (САД), Михаил Преволаракис (Грција)

Лука Маргароли (Швајцарија), Рамкумар Раманатан (Индија) – Карол Дрзевиецки, Кацпер Зук (Полска)

Терен број 8 – поечток 11:00 часот

Макс Хукес (Холандија) – Оливер Крафорд (САД)

Драгош Николае Мадарас (4, Шведска) – Стивен Диез (Канада)

Не пред 13:30 часот

Орландо Луж, Фернандо Ромболи (Бразил) – Анирдух Чандрасекар, Сундар Прашант (Индија)

Роман Буручага, Франциско Комесана (Аргентина) – Сандер Арендс (Холандија) Симон Валокв (Полска)

Терен број 6 – почеток 11:00 часот

Франциско Комесана (5,Аргентина) – Џовани Фонио (Италија)

Александер Веис (Италија) – Роман Буручага (5, Аргентина)

Влезот на терените и следењето на мечевите е бесплатно.