Екипата на Мајами загуби поред своите симпатизери од Бостон со 99:116 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција со што „Хитс“ не ја искористија првата шанса да ја завршат серијата и да се пласираат во големото финале.

Овојпат „Селтис“ одиграа на посакуваното ниво и 17-кратниот НБА шампион ја продолжи надежта дека можеби ќе стане првиот тим во историјата кој успеа да се врати од негатива од 0:3 и да победи на крајот.

Џејсон Тејтум со дабл-дабл ефект со 33 поени и 11 скокови, ги предводеше „Селтикси“ до првата победа, во кој Џејлен Браун придонесе со 17 поени.

Во составот на Мајами, Џими Батлер повторно беше најефикасен со 29 поени, Винсент додаде 17, но овојпат потфрли Адебајо кој постигна 10 поени, а имаше и само 5 скокови.

Следниот, петти натпревар од серијата се игра во Бостон, а исходот го очекуваат кошаркарите на Денвер кои со чисти 4:0 го добија западното финале со ЛА Лејкерс.