Екипата на Реал Сосиедад забележа важна победа над Алмерија и направи голем исчекор кон пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На натпреварот од 36-тото коло во Ла Лига, Сосиедад пред својата публика минимално со 1:0 ја победи Алмерија. 

Стрелец на единствениот гол за тимот од Сан Себастијан беше Јапонецот, Кубо во четвртата минута од судиското дополнение на првото полувреме. 

Со оваа победа и освоените три бодови, а сега вкупно 68, Сосиедад се зацврсти на 4.место на табелата со осум бодови повеќе од Виљареал кој утре на домашен терен го игра натпреварот од ова коло, а противник е Кадиз. 

До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште две кола.