Белградска Црвена Звезда е полуфиналист во регионалната АБА кошаркарска лига. Ова беше очекувано за еден од главните два претенденти за шампионскиот трофеј.

Црвено-белите и по втор пат славеа над Будуќност во полуфиналната рунда со што го заверија својот пласман во финалето.

Откако на првиот дуел во Белград славеа со 38 разлика, на вечерашниот натпревар одигран во Подгорица, избраниците на Душко Ивановиќ беа подобри од домашните кошаркари на Будуќност со 41 разлика 97-56.

Сега Црвена Звезда ќе го чека исходот од второто полуфинале во кое нивниот лут ривал Партизан за противник ја има љубљанска Цедевита Олимпија.

Полуфиналната серија што се игра во два добиени натпревари, овие два тима ќе ја започнат во Белград во недела, по што во вторник (30 мај) ќе се игра во Љубљана, а доколку е потребно евентуалната мајсторка би се играла повторно во Белград.