Шпанските медиуми јавија за можното доаѓање на голманот на Динамо, Доминик Ливаковиќ во Реал Мадрид.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, по препорака на Лука Модриќ челниците на „кралскиот тим“ претседателот Флорентино Перез и спортскиот директор Хозе Анхел Санчез сериозно размислуваат да го донесат младиот хрватски голман кој имаше одличен настап на СП во Катар.

Едно од местата што ќе мора да ги пополни Реал Мадрид голманското и тоа како замена за Тибо Куртоа, бидејќи вториот голман Андриј Лунин го напушта клубот ова лето.

Перез и Санчез за Ливаковиќ се подготвени да освојат максимум 5-6 милиони пишува „Дефенса Централ“.

Неговиот договорот со Динамо Загреб истекува во 2024 година и тоа значително дека неговиот трансфер би бил поефтин имајќи во предвид дека Ливаковиќ има пазарна вредност од 14 милиони евра, но Реал се надева дека ќе ја затвори зделката за околу пет милиони.

Инаку за Ливаковиќ веднаш по Мундијалот во Катар интерес пројавија неколку големи клубови, како Манчестер Јунајтед и минхенски Баерн кој подоцна излезе со демант.