Англискиот фудбалер Букајо Сака се согласил да го продолжи договорот со Арсенал, потврди клубот на својата официјална веб-страница.

И покрај тоа што не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата, лондонскиот клуб изгледа како одлична средина за талентираниот напаѓач, кој игра фантастично и константно оваа сезона.

„Многу сум среќен. Мислам дека ова е вистинскиот клуб и вистинското место за моите следни чекори.
Ова е прекрасен клуб. Мислам дека имам се што ми треба за да го дадам најдоброто од себе“,
изјави Сака .

Договорот на 21-годишниот Сака требаше да истече во јуни 2024 година, а Арсенал денеска потврди дека соработката е продолжена.

Тој израсна во младинската академија на Арсенал, со оглед на тоа што во клубот пристигна на осум години, а за првиот тим на лондонскиот клуб одигра 178 натпревари и постигна 37 гола.

За репрезентацијата на Англија дебитираше во октомври 2020 година, оттогаш забележа 26 настапи и постигна осум гола.