Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, ја продолжи одличната форма во Саудиска Арабија и со нов гол донесе бод за својата екипа.

Во дуелот на две екипи од средината на табелата, Ал Феиха и Ал Рид, наптерварот заврши без победник. Имено Ал Рид во 24-тата минута дојде до водство, кое го имаше се до 80-тата минута, кога Трајковски на асистенција на Павков ја затресе противничката мрежа.

За Трајковски ова е трет овосезонски погодок, а втор на последните три натпревари. Македонскиот офанзивец има и три асистенции а се почесто е во стартните 11 на тимот.

До крајот на сезоната има уште два натпревари, а Ал Феиха на Трајковски веќе има обезбедено опстанок. За потсетување договорот на Трајковски завршува на крајот на месец Јуни и се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.