Тимот на Жозе Мурињо заборави да победува во Серија А, па и по шест кола остана без победа.

,,Волчицата” на домашен терен одигра само реми против Салернитана, а беше принудена и два пати да се враќа од негатива.

Гостите од Салерна во 12 минута преку Кандрева дојдоа до изненадувачко водство.

Рома долго се мачеше да изедначи, па истото се случи во 47-тата минута во второто полувреме, преку Ел Шарави.

Кога се очелуваше дека Рома ќе притисне за водство, гостите повторно го шокираа Олимпико. Булај Диа во 54-тата минута повторно го матираше Руи Патрисио и донесе предност од 1:2.

Сепак Рома успеа во финишот да се спаси од целосна бламажа и преку Матиќ во 82-та минута изедначи на 2:2.