Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на кошарката, Кармело Ентони објави крај на богатата кариера. Во текот на 20 години активно играње Ентони настапи за Денвер (2003-2011), Њујорк (2011-2017), Оклахома (2017/18), Хјустон (2018/19) и Портланд (2019-2021) и ЛА Лејкерс.

Ентони е десеткратен НБА Ол-стар, трикратен олимписки златен медал, а најстапи и на јубилејниот натпревар по повод 75-годишнината од најсилната кошаркарска лига во светот. Кармело е еден од најефикасните играчи во историјата и моментално е деветти на вечната листа на НБА со 28.289 поени.

– Се сеќавам на денот кога немав ништо. Само топка на теренот и сон за нешто поголемо. Засекогаш ќе им бидам благодарен на сите мои соиграчи, тренери и градови во кои престојував. Ме претворија во Кармело Ентони. Ова е моето збогување со НБА. Возбуден сум за тоа што ми носи иднината – рече меѓу другото Кармело.

Тој беше трет пик на легендарниот НБА драфт во 2003 година, кога беа драфтувани други суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и многу други.

Ентони е глобален амбасадор на претстојното Светско првенство на ФИБА во 2023 година, заедно со меѓународните кошаркарски легенди – Луис Скола и Пау Гасол.

Каремо Ентони, еден од најдобрите играчи на својата генерација оди во пензија