Ветеранот Серџио Љуљ со својот единствен кош во финалето на Евролигата, му ја донесе шампионската титула на Реал Мадрид. 

Реал до шампионскиот трофеј стигна со победата над Олимпијакос со 79-78, на последниот натпревар од годинашното издание на фајнал-форот чиј домаќин беше Каунас. 

Натпреварот мина во периодични добри игра на едниот, па на другиот тим и се така до завршните 26 секунди, кога при негатива од еден поен (77-78), одговорно ја презеде ветеранот Љуљ кој со кош на 3,2 секунди до крајот му донесе предност на Реал (79-78).

Иако тимот од Пиреа имаше напад за победа, обидот на Слукас не беше прецизен, па кошаркарите на Реал заслужено се радуваа. 

За „Кралскиот“ кој е најтрофеен на Стариот континент, ова е 11-та титула Европски клупски шампион. 

Центарот на Реал, Волтер Таварез заслужено го понесе признанието МВП на фајнал-форот во Каунас.