Многу значајна победа од 1:0 за екипата на Валенсија со големиот фаворит, Реал Мадрид. Со оваа победа Валенсија се оддалечува на плус 5 од зоната за испаѓање, додека Реал Мадрид сега е на третата позиција.

Валенсија започна офанзивно и имаше неколку полушанси. Диего Лопез во 33-тата минута донесе предност за Валенсија и со тој погодок се отиде на полувреме.

Во вториот дел првата посериозна шанса ја имаше стрелецот на првиот гол, но не успеа да постигне втор погодок. До посериозна шанса се чекаше се до судиското продолжение кога од слободен удар се закани Тони Крос.

Пред самиот крај Винициус заработи директен црвен картон и ја остави гостинската екипа со играч помалку да се бори за израмнување.

Валенсија успеа да одолее на нападите на Реал Мадрид и да го задржи водството од првиот дел и да забележи значајна победа во борбата за опстанок.

Филип Василевски