Новиот шпански првак Барселона претрпе пораз пред своите симпатизери од Реал Сосиедад. Во натпреварот  одигран на „Камп Ноу“ тимот од Сан Себастијан славеше со 2:1.

Уште во петата минута по акцијата на Сорлот, гостите поведоа со 1:0 со голот на Мерино.

Тој резултат беше активен се до 72-минута кога Норвежанецот, Сорлот по една одлична контра зголеми на 2:0.

До крајот на натпреварот, Левандовски во последната минута само успеа да го ублажи поразот, поставувајќи ги конечните 1:2.

Овој пораз не значи ништо за Барса која во претходното коло ја обезбеди титулата, но трите бодови за Сосиедад се многу важни бидејќи со нив ја одржа предноста од пет бодови во однос на Виљареал во трката за четвртото, последно, место што води во Лигата на шампионите.