Тимот на Хофенјам со убедливи 4:2 го победи и и изненади Унион Берлин, кој сега паднаа на четвртото место во Бундес лигата.

Во 22.минута домаќините го отворија резултатот со голот на Бебоу, кој по одбранбена грешка успеа да го донесе првото водство. Крамариќ се запиша на листата на стрелците со гол од пенал во 36.минута за 2:0, додека пред самиот крај на првото полувреме, тимот од Берлин преку Доеки успеа да ја „ублажи“ разликата на 1:2.

Тој резултат беше актуелен се до 90-тата минута.

Најнапред Крамариќ повторно се најде на листата на стрелците за 3:1 за домаќините.

Сепак тоа не беше крајот. Унион Берлин успеа да реализира преку Лаидуни за 2:3 во 90+4, а конечниот резултат го постави Дабур кој во 90+9 ја заокружи серијата на ова „голеада“ за конечни 3:2 за Хофенхајм.

Со поразот Унион Берли падна на четврта позиција со ист број бодови како и петто Фрајбург кој денеска го победија Волсбург со резултат од 2:0, па овие два тима во последното коло ќе се решава кој ќе биде патникот во Лигата на шампионите.