Екипата на Фрајбург забележа победа над Волфсбург со која остана во трка за четвртото место што води следната сезона во Лигата на шампиони.

Во воведниот натпревар од 33-тото претпоследно коло во Бундес лигата, Фрајбург пред своите симпатизери славеше со 2:0 против Волфсбург.

До трите важни бодови домаќините дојдоа во второто полувреме. Гинтер во 71-та минута го постигна првиот, а четири минути подоцна (74) Петерсен беше стрелец на вториот гол.

Фрајбург кој е на петтото место на табелата, сега има 59 бодови како и четврто пласираниот тим на Унион Берлин, а еден помалку од Лајпциг кој е трет, но утре има тешко гостување во Минхен кај Баерн кој се бори за шампионската титула.

Волфсбург кој остана на 49 бода е шести, со шанси за Конференциската лига, но тоа ќе зависи и од утрешниот меч на Баер Леверкузен кој има ист број на бодови на седмата позиција.