Дефанзивецот на Манчестер Сити,  Кајл Вокер во своето интервју пред реваншот со Реал, најави дека го замолил Винициус Џуниор да не му прави повторно „виножито” како во првиот натпревар. Кајл Вокер го најави дуелот во кој Манчестер Сити се во потрага во своето второ финале во Лигата на Шампиони.

„Па, отидов да го гушнам, затоа што се обиде да ми направи „виножито”, му реков не го пробувај тоа повторно, затоа што не сакам да станам шега. Имавме добра битка, имам многу почит кон него, така е секогаш како се игра добар натпревар, има добра битка, и на крајот од неа, вие ја покажувате вашата почит. Не би рекол дека провоцира Винициус” изјави Вокер.

Запрашан за утрешниот натпревар Вокер кажа дека се подготвени Сити за триумф.

„Кога ќе свири судијата утре за почеток, се тоа излегува низ прозорецот, и ќе биде борба помеѓу големи кучиња”, заклучи Вокер.

Викер тврди дека Манчестер Сити се подготвени, но тоа најдобро ќе треба да го докажат вечерва во 21 часот во повратниот дуел во полуфиналето на Лигата на Шампиони.

Андреј Велјаноски