Вечерва не очекува вториот натпревар од мега дуелот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во кој екипите влегуваат со 1-1 од првиот натпревар одигран во Мадрид.

Пред дуелот во Манчестер, искусниот хрватски репрезентативец Лука Модриќ има голема самодоверба и сигурност во неговиот тим и во Карло Анчелоти.

„Да поминеме во финале би било неверојатно. Се чувствуваме одлично и со нетрпение го очекуваме натпреварот. Сме одиграле многу натпревари од овој тип и можам да ја видам сигурноста и смиреноста во мојот тренер и целиот тим. Се надевам ќе одиграме добро и ќе поминеме во финалето. Многу сме блиску до достигнување историја, затоа ќе дадеме се од себе на овој натпревар“, истакна Модриќ

Вечерва фудбалските гурмани ќе уживаат во вториот полуфинален дуел на две одлични екипи, кои ќе решаваат за вториот финалист во Лигата на Шампионите.