Првата „битка за Истанбул“ меѓу Реал и Манчестер сити заврши без победник, па патникот во финалето на Лигата на шампионите ќе се решава во Манчестер.

Тренерот на англискиот првак Пеп Гвардиола, не го криеше задоволството од „ремито“, но и дека има идеја како неговиот тим да одигра во ревашот.

„Во Манчестер ќе биде како финале пред нашите навивачи. Постигнавме гол кога тие беа подобри од нас во второто полувреме. Честитки за мојот тим. Тони Крос не натера да се браниме многу повеќе отколку што сакавме. Среќен сум со ремито 1-1… подобро од пораз од 3-0. Сега повторно ќе го гледаме натпреварот. Во некои делови бевме добри, но, мислам дека можевме да бараме повеќе голови со поголема агресија. Имам идеја што да правам следната недела. Но, треба да го гледам овој натпревар повторно“, изјави по натпреварот Гвардиола.

Дали прегледувањето на вечерашниот меч, ќе му даде идејата повеќе на Гвардиола и дали тоа ќе донесе резултат, останува да видиме по реваншот за седум дена.