Мексиканецот, Серхио Перез ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мајами.

До својата трета овосезонска најдобра стартна позиција, возачот на Ред Бул стигна со најбрзо време во квалификациите кои беа прекинати во последната минута. Имено Шарл Леклер од ферари заврши во заштитната ограда, а стјуардите на трката се решија да го истакнат црвеното знаме, што практично значеше и крај на квалификациите, со што му направи и голема услуга на Мексиканецот.

Иако на патеката имаше неколкумина возачи во својот „брз круг“, сепак времињата останаа како пред инцидентот, па така зад Перез во првиот ред ќе биде Шпанецот, Фернандо Алонсо Астон Мартин. 

Од вториот ред трката ќе ја почнат Карлос Сајнц во Ферари и Кевин Магнусен во Хас.

Леклер  и покрај инцидентот ќе стартува од седмото место, додека актуелниот светски шампион и лидер во Генералниот пласман, Макс Ферстапен бидејќи не оствари време, ќе започне како деветти.

Вечерашната трката за Големата награда на Мајами ќе стартува во 21.30 часот.