Македонскиот репрезентативец во редовите на Наполи, со песна го славеше големиот успех на неговиот тим, откако од синоќа Наполи и официјално е нов шампион на Италија.
Наполетанците на оваа титула чекаа цели 33 години, уште од времето на Диего Армандо Марадона. За Елмас ова е прво Скудето а со тоа стана вториот Македонец, по Горан Пандев, кој станал шампион на една од најсилните лиги во светот, Серија А.