Реал Мадрид со две победи во Белград изедначи во плеј-оф серијата од Евролигата против Партизан на 2:2, но најверојатно во мајсторката ќе остане без крилото Габриел Дек.

На три минути до крајот, Аргентинецот падна по еден дуел со Зек Ледеј, го истегна левото колено и го напушти теренот. По мечот тој одеше со помош на патерици.

„Изгледа лошо, повредата е колено и многу не загрижи. Грчот на неговото лице покажува дека повредата не е безопасна “, истакна тренерот на Реал, Чус Матео.

Според информациите на „Марка“, аргентинскиот кошаркар денеска ќе биде подложен на детални лекарски прегледи, но во Реал се сомневаат дека тој ќе настапи на петтиот натпревар. Дек во четвртиот натпревар постигна 14 поени.