Љубомир Савевски повеќе нема да ја извршува функцијата селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија. 

Во краткото соопштение на Ракометната федерација на Македонија се вели:

Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории.

г. Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година.

Савевски по пауза од 14 години во 2001-та се врати на селекторското место и ја предводеше Македонија на минатогодишното Европското првенство што одржа во Скопје, а по двата убедливи порази во баражите со Украина, не успеа да ги „одведе“ дамите на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.