Во женската ракометна Супер лига од плеј-оф конкуренцијата, денеска на програмата се две средби од седмото коло.

Во првиот екипата на Стружанка го пречекува Вардар, во натпреварот што ќе се одигра во спортската сала „Нико Нестор“ со почеток од 17 часот. Вардарки беа убедливи на претходниот меѓусебен натпревар што го добија со 35:17.

Дербито на колото ќе го играат прво и трето пласираните екипи на табелата Ѓорче Петров и Куманово. Ѓорчепетровки вечерва во својата сала „Христо Батанџиев“ ќе ја имаат промоцијата на старо-нов шампион, имајќи во предвид дека имаат недостижна предност во однос на конкурентите, па натпреварот со кумановки ќе има и славенички карактер. Но, веруваме и натпреварувачки, особено по нерешениот исход (28:28) на претходниот меѓусебен дуел.

Во сабота ќе се игра вториот дерби натпревар меѓу екипите на Металург и Чаир. Домаќин е екипата на Металург и ќе се игра во салата Автокоманда со почеток од 12:30 часот. Во последната средба од оваа рунда, во недела ќе играат Овче Поле и Пелистер.

СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ 7 КОЛО
ПЕТОК
17.00 СТРУЖАНКА – ВАРДАР
18.00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО
САБОТА
12.30 МЕТАЛУРГ – ЧАИР
НЕДЕЛА
19.00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 34 бодови
2. ЧАИР 27
3. КУМАНОВО 25
4. МЕТАЛУРГ 19
5. ВАРДАР 19
6. ПЕЛИСТЕР 7
7. СТРУЖАНКА 4
8. ОВЧЕ ПОЛЕ 3

Ивона Кимовска