Менторот и идол на Елмас, Македонската легенда Горан Пандев се огласи на својот инстаграм профил и му честиташе на Елиф елмас за освоената титула во Серија А. Имено Пандев до сега беше единствениот Македонец кој успеа да ја освои титулата во Италија, а истото му појде од рака со Интер во 2010 година.
Пандев на инстаграм објави фотографија од Елмас и напиша: Секоја чест Бато, да се множат!



Инаку Пандев објави фотографија и од целиот тим на Наполи честитајќи им ја титулата. Истото е разбирливо ако се знае дека Пандев во својата богата кариера настапуваше за тимот од Неапол а успеа да дојде и до титула во Купот на Италија.