Вистинско „лудило“ деновиве владее во Белград, а се само за кошаркарскиот дуел меѓу Партизан и Реал Мадрид во рамките од четвртфиналето на Евролигата.

Со синоќешната победа, Реал ја продолжи еуфоријата, па веднаш по натпреварот, голем дел од навивачите на Партизан поитаа да обезбедат карти за утрешниот четврти натпревар.

Колони луѓе чекаа да обезбедат парче хартија што ќе ги внесе и вброи меѓу 20-тината илјади „среќници“ што во живо ќе може да го гледаат натпреварот и да ја почувствуваат атмосферата во „Шрак“ арената.

А, оние со подлабок џеб, не штедеа пара да бидат поблиску до своите миленици, па така картата која обезбедува привилегирано место во првиот ред веднаш до клупите на играчите чини и над 500 евра, а се продаваат како алва.