На денешната ждрепка за завршниот турнир во пионерска конкуренција, одржана во просториите на РФМ, одредени се паровите од полуфиналето на македонската ракометна лига за ракометари родени 2008-ма и помали.

Во полуфиналето ќе се сретнат МРК Куманово – РК Аеродром и РК Голден Арт – РК Еурофарм Пелистер.

Домаќин на завршниот турнир ќе биде екипата на РК Аеродром, а натпреварите ќе се одиграат во еден ден (7 мај – недела) во малата сала на С.Ц „Јане Сандански”.

Првото полуфинале ќе се одигра во терминот од 10.30 часот, а второто на програмата е во 12.30 часот.

Натпреварот за трето место ќе се одигра во 17 часот, а натпреварот за титулата ќе се одигра во 18.45 часот.