Екипата на Монако поведе со 2:1 во победи во четвртфиналната серија од Евролигата против израелскиот Макаби.

Ова откако вечерва, францускиот тим забележа победа со 83-78, во првиот од двата натпревари во Тел Авив, со што му се реваншира на Макаби за поразот на домашен терен во првиот натпревар.

Три од четирите периоди гостите од кнежеството ги решија во своја полза, па разбирливо на крајот заслужено се радуваа на победата.

Американецот, Мајк Џејмс со 21 поен повторно го предводеше Монако до победа, додека неговите сонародници Колсон со 17 и Балдвин со 16 поени, беа најефикасните кај поразениот тим.

Така Монако сега го дели уште една победа од пласман на завршниот фајнал-фпр во Каунас, а првата шанса ќе ја има веќе задутре во натпреварот број четири повторно во Израел.