Реал Мадрид го „преживеа“ првото белградско гостување кај Партизан во пеколна атмосфера го доби третиот натпревар од четвртфиналето, со што ја намали предноста на белграѓани на 1:2 во победи.

Партизан стартуваше фантастично со 12-0, а во првата четвртина имаше и 15 предност, но на полувремето замина само со +3 (48-45).

Во второто полувреме, се играше исклучително квалитетна и цврста кошарка, падови и подеми на двете страни. Во последната минута односно на 28.секунди пред крајот, при нерешен резултат (77-77), Наџел Гос Вилијамс постигна, а Нанели на спротивната страна не успеа да врати, па Реал на крајот заслужено се радуваше на победата.

Карлос Таварес со дабл-дабл со 26 поени и 11 сокови и Вилијамс-Го со 22 поени беа најефикасни во победниката екипа, додека кај домаќините Смаилагиќ постигна 15.

И следниот натпревар ќе се игра во Белград во четврток.