Кошаркарот на Анадолу Ефес, Брајант Данстон доживеа тешка сообраќајна несреќа во главниот град на Турција, но за среќа, се спаси само со полесни повреди.

Несреќата се случила откако врз неговиот автомобил паднал контејнер.

Искусниот кошаркар возел зад камион кој поради невнимание на возачот удрил во надвозник и се превртел на патот, а контејнерот кој бил на приколката слетал врз неговиот автомобил.

Пожарникарите морале да излезат на терен за да го извлечат кошаркарот од автомобилот.

За среќа, американскиот кошаркар не е во животна опасност, а на интернет се појави негова фотографија од болница.

Томислав Атанасовски