Екипата на ФМП Академија го победи Куманово во првото коло од пеј-аут конкуренбцијата на Првата кошаркарска лига.

Со овој пораз (78-68) кумановци се се подалеку од опстанок во прволигашката конкуренција.

На натпреварот одигран попладнево во Кисела Вода, освен во воведните 3 минути, останатото време тимот на ФМП беше оној што ја контролира играта и резултатот.

Бадијала беше дабл-дабл ефектот на Маријановиќ бидејќи освен него само уште Григориевиќ имаше двоцифрен број на поени (10). В

о домашниот тим четворица играчи беа двоцифрени, Белиќ и Мекеван постигнаа по 18, Коскоски 15, а Настовски беше стрелец на 14 поени.

Сега ФМП Академија има „скор“ од 5 победи и 2 порази како и Чаир кој утре пред својата публика игра против Струмица (1-5), додека Куманово остана на две победи, но сега и пет порази.