Њукасл славеше со 4:1 на гостувањето кај Евертон и е се поизвесно дека следната сезона ќе играат во Лига на шампиони. Евертон останува во зоната на испаѓање и грчевито ќе се бори за опстанок.

Во 28-минута Вилсон налета на една одбиена топка и лесно го совлада Пикфорд. Се играше последната минута од првиот дел кога Калверт Луин постигна гол, но набрзо беше поништен поради офсајд.

Вториот дел започна со изедначена игра од двете страни. До вториот гол се чекаше се до 72-минута кога Жоелингтон со глава ја затресе мрежата на Евертон и го зголеми водството на 2:0.

Само три минути подоцна Вилсон го постигна својот втор гол на денешниот натпревар и Њукасл имаше високи 3:0. Мекнил во 80-тата постигна феноменален погодок директно од корнер и го намали резултатот на 3:1.

Надежта на домаќините дека ќе успеат да стигнат до израмнување траеше само една минута, Исак со одличен продор се прошета низ одбраната на Евертон и асистираше до Марфи за зголемување на водството на 4:1, што беше и конечен резултат, па Њукасл со вечерашната победа „Гудисон парк“ се зацврсти на третото место и се поблиску е до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона откако има 62 бода по 32 натпревара.

За разлика од нив домаќинот Евертон со овој пораз остана на претпоследното место на табелата и ги намали шансите за опстанок во лигата.

Филип Василевски