Во второто дерби од 33.коло на англиската Премиер лига, вечерва играат екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Вечерашниот дуел нема да биде само за бодовите кои се важни во трката за позициите што водат на европската сцена, туку и во трката за англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Тотенхем се обидува да го убеди Кејн дека не се толку „за фрлање“, додека пак „Ѓаволите” со голема плата, Лига на Шампиони и освојување трофеи ќе сакаат да го примамат да го смени белиот дрес со црвен.

„Хотспур“ имаа ветувачки старт на сезоната, но како што почна 2023 година, секој нивен натпревар е помизерен од претходниот, а последен на редот е дебакалот од Њукасл од 6-1. По тој „дебакал“ го избркаа привремениот тренер Стелини и назначија нов привремен тренер Рајан Мејсон. Тотенхем сега играат за чест, бидејќи со ваков тим и игра малку е веројатно дека ќе се пласираат во Лигата на Шампиони. Многу значење има овој натпревар за нив бидејќи е на некој начин „отскочна даска” за како ќе се одвиваат работите понатаму.

Манчестер Јунајтед викендов обезбедија финале во ФА Купот против Манчестер Сити. Од „Олд Трафорд“ излегоа и информациите дека се заинтересирани за Хери Кејн, кој е незадоволен од неговиот сегашен клуб.

Јунајтед веќе освоија еден трофеј, во борба се за уште еден, па така освен платата од 300.000 фунти неделно обидуваат да го привлечат Кејн со нешто што досега го нема искусено во неговата кариера. Со победа Јунајтед ќе се надева дека ќе ги активира сигналите за Кејн да дојде во нивниот клуб каде што имаат стабилен проект за прв пат по долго време, вистинска визија и цел за освојување на големи трофеи.

Многу „карти“ има да се одиграат вечерва, Тотенхем ќе играат на „се или ништо” бидејќи сами од себе зависат за се што ќе им се случува понатаму, а Јунајтед пак играат за заверка на Лига на Шампиони и за му докажат на Кејн дека тие се прав избор за следна дестинација.

Андреј Велјановски