Шампионот Голден Стејт поведе со 3:2 во серијата против Сакраменто иако по првите два натпревари беше 2-0 за „Кралевите”. Сакраменто убаво го отвори натпреварот контролираше дури и ја доби првата четвртина со 36-33, но понатаму се идеше во полза за тимот од Сан Франциско.


Во Сакраменто шампионот победи со 123-116 благодарение на супер партија на Стеф Кари со 31 поен и 8 асистенции, а од помош му беше и Клеј Томпсон со 25 поени. Во поразената екипа ДеАрон Фокс одигра солиден натпревар со 24 поени, 7 скока и 9 асистенции. Следниот натпревар се игра во Сан Франциско.

Во вториот дуел од западната конференција, Мемфис се избори за натпревар број 6, откако дома ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 116-99.

Од самиот старт на натпреварот „езерџиите” не беа во свој ритам и тоа го искористија домаќините во нивна полза. Во негов елемент не беше ни ЛеБрон Џејмс кој годините полека го пристигнуваат. Дезмонд Бејн беше лидер на Мемфис со 33 поени и 10 скока, додека и Џа Морант „испука” 31 поен, 10 скока и 7 асистенции. Кај поразените Лејкерси Ентони Дејвис играше буквално сам со учинок од 31 поен и 19 скока.

Со ова Мемфис се изборија за натпревар број 6 кој се игра во „Крипто Центарот” во Лос Анџелес каде што Лејкерси ќе се обидат токму таму да стават точка на оваа серија, а Мемфис ќе дадат се од себе да стигнат и до 7-ми натпревар.

Андреј Велјаноски