Манчестер Јунајтед го направи првиот конкретен потег и му нуди на капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, плата од 300.000 неделно. Тоа е за 100.000 фунти неделно повеќе отколку што во моментално заработува во Лондон, пренесуваат англиските медиуми.

Според медиумите, Кејн е пред одлука дефинитивно да го напушти клубот и да направи чекор напред, а ПСЖ, Баерн и некои други големи европски клубови би сакале да го видат во своите редови.

Тотенхем знае дека договорот на капитенот истекува за една година и ако не го убедат да го продолжи, нема да има многу простор да преговараат и да добијат поголема отштета.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг е убеден дека со Кејн во тимот би можел да се вклучи во борбата за титулата во Премиер лигата и оваа прва понуда може да биде зголемена доколку капитенот на „Гордиот Албион“ реши да го напушти Лондон.

„Спарси“ во четврток го пречекуваат Манчестер Јунајтед во 33. коло од Премиер лигата и немаат право на нов кикс бидејќи се освен победа дефинитивно ќе ги исфрли од Лигата на шампионите.